|
|||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА Флорина-Лерин 30.04.2003 Read
this page in English |
...но се што Илисес посакуваше пред да умре е уште еднаш да види како чадот се издигнува од неговите оџаци (Одисеј, 57с.) После повеќе од педесет години Македонските борци за слобода, војниците на Демократската армија и илјадници деца бегалци, жртви на Граѓанската Војна, се уште се насилно прогонети од своите домови. Тешкент, Букурешт, Варна, Варшава, Будимпешта, Прага и Скопје се уште содржат илјадници дедовци, татковци, синови и ќерки- многу километри раселени од нивните фамилии, роднини и пријатели. Нехуманитарната одлука на Грчкото Министерство за внатрешни работи и јавен ред се уште ја држат вратата затворена за нивниот повраток.
Како е возможно во законски документ издаден во Европска земја како што е Грција да се најде таков израз на раздор- поделба на своите сопствени граѓани- како "од Грчка раса", израз кој не потсетува на апархеидот во Јужна Африка? Јасно е дека со оваа употреба на изразот "од Грчка раса " одлуката има за цел да на одредени личности им го ускрати нивното неоттуѓиво право на повраток. Тоа се оние луѓе кои одредени луѓе ги нарекуваат Бугари, Славо-говорачите, Славо-Македонците, двојазичните, не-постоечките....и така натаму. Одлуката-која поттикнува расизам-од Министерството за ВНАТРЕШНИ РАБОТИ И ЈАВЕН РЕД на Грција, ја држи вратата за повраток непоколебливо затворена и заклучена. Многу од овие луѓе се ставени на листата на "непожелни" и немаат право ниту да ја посетат Грција. Со кое право властите продолжуваат , дури и денеска, да ги држат раздвоени фамилиите, да го негираат правото овие луѓе да ги делат добрите и лошите моменти во животот? Ние чето пати слушаме како се зборува за Грците од Имброс и Тенедос, за Грците во Истамбул/Константинопол, за Грчкото малцинство во јужна Албанија, за човековите права... Денеска, следејќија одлуката на лидерот на Кипарските-Турци Денктас да ја отвори границата, секој во Грција зборува за Кипарско-Грчките бегалци на Кипар, и чуствата што тие ги имаат на повторното видување после триесет години, нивните фамилијарни домови, нивната стпливост додека чекаа да се отвори границата, да ги видат уште еднаш своите домови и села, да го помирисаат лимонот во дворот на семејната куќа... Денеска, Грција во 2003, член на Европската Унија, земја која се нарекува себеси лулка на демократијата, земја во која оваа година ќе се одржи Самитот на ЕУ а идната година ќе се одржат Олимписките Игри, под наслов "За цивилизациите на култура"- оваа одлука која ги негира Македонските политички бегалци и нивното право на повраток и негирањето на правото на некои од нив да ја посетат Грција, треба да биде навреда на чуствата на сите демоктратски луѓе. Што сигурно е навреда е молкот на политичарите, новинарите и интелектуалците. Грција треба да се почуствува длабоко засрамена бидејќи во 21-от век режимот на Денктас предизвика повеќе восхит отколу напорите што нашата влада ги прави во насока на Одисеј што го цитиравме на почетокот... Политичкиот секретеријат на Виножито (Macedonian Translation by Marija Skrekovski)
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
||||||||||||||||||||