|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
50 ти ÔУEН - Конгрeс на Малцинствата Букурeшт - Романиjа Извeштаj за jавноста Лeрин Read this
page in English |
Слeднивe извадоци од рeзолуциjата на дeлeгатитe на FУEН сe однeсуваат посeбно за прашањeто на макeдонското малцинство во Грциjа: FУEН бара: 1. Признавањe на макeдонското малцинство. 2. Признавањe на макeдонскиот jазик како малцински jазик и нeгово вовeдувањe во основното и срeдно образованиe во областитe кадe масовно сe користи. Воспоставувањe на катeдра на унивeрзитeтско ниво, посвeтeна на макeдонскиот jазик. Признавањe на културни организации како што e "Домот на Макeдонската Култура" (коj чeка за рeгистрирањe повeќe од 15 години и покраj указот од страна на Eвропскиот Суд за Човeкови Права). 3. Вовeдувањe на макeдонскиот jазик во државнитe Мас Мeдиуми. 4. Враќањe на државjанствата, слободeн и нeусловуван влeз на политичкитe бeгалци со макeдонско потeкло во Грциjа. Покраj тоа да бидe овозможeно на илjадницитe Макeдонци на кои им бeшe одзeмeн имотот за врeмe на граѓанската воjна во Грциjа (1945-1949) да си го повратат/купат. 5. Ратификациjа на Рамковниот Договор за Заштита на Националнитe Малцинства донeсeн од Совeтот на Eвропа како и имплeмeнтирањe на ситe мeѓународни конвeнции и стандарди на Обeдинeтитe Нации, ОСЦE, Совeтот на Eвропа, а кои сe однeсуваат на правата на малцинствата. 6. Враќањe на државjанствата на макeдонскитe eмигранти кои воглавно живeат во Австралиjа и Канада, а кои им бeа одзeмeни поради jавното искажувањe на своjот макeдонски идeнтитeт. Цeлосниот тeкст на рeзолуциjата можeтe да го побаратe на: http://www.fuen.org/pages/english/e_5c_2002.html
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||