|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Извештај за печат 13-ти Декември Осудата на ЕЦХР за Грција поради некоректното однесување со Ромите и неистражувањето на случаите со расизам
Грчкито Хелсиншки Монитор (ГХМ) го изрази своето големо задоволство за денешната едногласна осуда на Грција од страна на Европскиот Суд за Човекови Права (ЕЦХР) за случајот Бекос и Коутропулос. Пријавата бр. 15250/2002 беше доставена на ЕЦХР од ГХМ и Европскиот Центар за Права на Ромите. Спрема ЕЦХР, Грција ги прекршила членовите 3 (забрана на тортура) и 14 (забрана на дискриминација) од Европската Конвенција за Човекови Права, не превзела ефективна истрага и затоа мора да им исплати на жртвите по 10.000 евра за предизвикување на нематеријална штета. За одлуката на ЕЦХР дополнително влијаеја и меѓународните извештаи за кршењето на правата на Ромите во Грција. Во извештајот на ГХМ издаден на Грчки, има изјава на нејзиниот гласноговорник Панајот Димитрас со детално објаснување на случајот и на повеќекратното прикривање кое водеше до неказнување пред домашните судови. ГХМ забележува дека ова е прва осуда на Грција поради кршење на правата на Ромите, по претходните осуди за кршење на правата на Јеховини Сведоци, Протестанти, Муслимани, Македонци, Турци, приговори на совеста и имигранти. Овој случај е основен пример кој го покажува неуспехот на грчкото право по овие прашања, документирајќи 80 случаи во извештаите на Амнести Интернационал и Меѓународната Хелсиншка Федерација (2002), обновени од ГХМ во 2003 год. Следи преглед на веб-страниците со конкретниот материјал, слики од ромските жртви од 1998 и денешните материјали на ЕЦХР. ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Извештај за јавноста за случајот Бекос-Коутропулос Пресудата за случајот Бекос-Коутропулос Бекос-Коутропулос и 79други слични случаи Историски случај-неуспех на системот Слики од Лазарос Бекос и Елефтериос Кутропулос 80 случаи на малтретирање, повреди или смрт пријавени од АИ-МХФ и обновени од ГХМ: 12 етнички Грци, 15 Роми, 16 Албанци и 37 останати странци
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||