|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Австриски книжевник доби шест-месечна условна затворска казна 2 Февруари 2005
Извор: Комитетот на писатели во затвор (КПЗ), ПЕН интернационал, Лондон; Меѓународна асоцијација на издавачи (МАИ), Женева
**Ажурирање на алармот на ИФЕКС од 15-ти Октомври 2004 ** Следува заеднички жалба на КПЗ, МАИ и Меѓународната федерација на книжарници (МФК) до Премиерот Костас Караманлис: Костас Караманлис 2 Февруари 2005
Ваша Ексиленцијо, Писателите од КПЗ, МАИ, и МФК заеднички ја осудуваат одлуката за затворска казна во траење од шест месеци за австрискиот книжевник Герхард Хадерер, донесена од страна на Грчкиот Суд, поради неговата книга “Животот на Исус” бидејќи таа едноставно е апсурдна. Одлуката се коси со меѓународните стандарди кои ја гарантираат слободата на говор а на кои грчката влада има ставено свој потпис. Герхард Хадерер беше суден заедно со неговиот грчки издавач Г-дин. Чацопулос од “Окси издаваштво” и четворица продавачи во книжари под обвинение за богохулење. Судењето започна во Декември 2003 и заврши на 18 Јануари 2005 со пресуда дека Хадерер е виновен, додека останатите беа ослободени од обвиненијата. “Животот на Исус” е илустрирана книга со хумористична содржина. Грчкиот суд опишувањето на Исус како хипик го сметаше за срамотење и исмејување. Инаку книгата е публикувана во неколку други држави без никакви контроверзии или пак судски процеси. Шест-месечната казна за Хадерер е условна. Тој не е жител на Грција и ќе се соочи со затворска казна само ако влезе во Грција. Сепак Комитетот на писатели во затвор, Меѓународната издавачка асоцијација и Меѓународната федерација на книжарници веруваат дека пресудата има за цел другите книжевници да ги одвратат од пишување или објавување на слични дела. Грчката влада се заложи за заштита на правото за слобода на изразување со ратификацијата на Европската конвенција за човекови права и Меѓународната спогодба за цивилни и политички права, и двете со членови кои посебно го гарантираат ова право. ПЕН интернационал, Меѓународната асоцијација на издавачи, и Меѓународната федерација на книжарници ги повикуваат грчките власти да ги преиспитаат законските прописи кои дозволуваат осудување на писатели само поради нивното пишување а кое е во спротивност со обврската на грчката влада за почитувањето на слободата на изразување. Имаме информации дека адвокатите на Хадерер размислуваат за поднесување на жалба против оваа пресуда и искрено се надеваме дека повторното разгледување на случајот ќе резултира со поништување на пресудата. Заинтересирани сме за било каков коментар кој би го имале околу овој случај. Искрено Ваши
Карин Кларк Претседавач Ларс Гран Ерик Хардин ЦЦ: ПЕН интернационал е светско здружение на писатели кое има претставници во 94 земји во светот. МАИ е светско здружение на издавачи кое има претставници во 78 земји. МФК е светско здружение на книжарница кое има претставници во 32 земји. Препорака за делување: Испратете жалби до премиерот; Жалбата адресирана до: Костас Караманлис Ве молиме ако е можно, испратете копија од жалбите до изворот, За подетални информации контактирајте ги WiPC, International PEN, 9/10Charterhouse Buildings, Goswell Road, London EC1M 7AT, U.K.,tel: +44 207 253 3226, fax: +44 207 253 5711, Информацијата во ова известување е на одговорност на МАИ и МФК. За цитирање на материјалот, контактирајте со МАИ и МФК. Дистрибуирано преку
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||