|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Краток дијалог помеѓу претставникот на Виножито и Грчкиот Амбасадор во ОБСЕ за време на Средбата за имплементирање на права поврзани со човечката димензија во Варшава 29 Септември 2005 Извор: Greek Helsinki Monitor & Minority Rights Group - Greece
На последната Средба за имплементирање на права поврзани со човечката димензија на ОБСЕ во Варшава (25 - 30 Септември 2005) посветена претежно на човековите права и малцинските прашања, учествуваше и “Виножито” како организација која го претставува македонското малцинство во Грција. За време на средбата претставниците на невладини организации пред државничките делегати ја имаа можноста да ги изложат нивните гледишта и факти кои се однесуваат на кршењето на човековите и малцинските права. Државните и невладините делегати ја имаа можноста да разговараат на исто место во исто време под еднакви услови. Државните делегати имаа едно право повеќе, правото на реплика. Во овие услови се одвиваа многу конкретни дијалози помеѓу сите делегати на средбата. Во овие рамки и претставникот на “Виножито” ја имаше можноста да ја изложи моменталната ситуација во Грција како и генералниот став во врска со човековите и малцинските права во Грција. Претставникот на Грција уште еднаш ги истакна добро познатите погледи на грчката влада, дискутирајќи во врска со таканареченото непостоечко македонско малцинство во Грција; сметајќи ги за мала бројка на луѓе во Северна Грција кои зборуваат “словенски идиом”. Говорите на претставникот на “Виножито” можат да се прочитаат на www.florina.org Покрај официјалната програма на средбата, претставникот на “Виножито”, Г-дин Павлос Воскопулос, ја имаше можноста на кратко да разговара со грчкиот амбасадор во ОБСЕ, Г-дин. Лисандрос Миларесис-Фокас, кој исто така учествуваше на овој настан. Следи кратката дискусија: Воскопулос: Добар ден Г-дин амбасадор. Ова беше напорен ден за сите нас, нели? Амбасадорот: Колку пари Ве плаќаат господине за да го кажувате сево ова овде? Воскопулос: Јас сум изненаден Г-дин амбасадор. Како што сум запознат, Вие сте доволно добро платени за да бидете овде и да ја претставувате нашата земја. Ние финансиски самите се обезбедуваме за вакви собири. Можам ли да Ве прашам, Г-дин амбасадор, дали претставникот на грчкото малцинство во Турција кој говореше вчера бранејќи ги правата на грчкото малцинство во Турција е исто така платен од некого? Понатаму, истот важи и за грчкото малцинство во Албанија. Дали и тие се потплатени од некого во нивната борба за човекови права во Албанија? Амбасадорот: Како што знам Грција е најдемократската земја... Воскопулос: Се разбира дека е демократска, но кога станува збор за малцинските права, можам да кажам дека има дефицит на демократија по тоа прашање. Дали сметате дека треба да работиме заедно за да ги надминеме овие проблеми? Амбасадорот: Во Грција не постојат малцинства, Г-дине, постои само муслиманско малцинство кое живее во Грција во многу поволни услови. Воскопулос: Но Г-дин амбасадор, како е возможно Грција да биде единствената држава без национални малцинства кога другите балкански држави имаат голем број на различни малцинства? Како што има Грци во Турција и Албанија, така има и други малцинства во грчката држава. Амбасадорот: Во Грција ние имаме големо малцинство кое претставува малцинство од економски емигранти кои патуваат и остануваат во нашата земја која претставува вистински рај за нив... Воскопулос: Г-дин амбасадор, сите овие емигранти страдаат во нивните земји, како што во некои земји како Судан на пример има вооружен конфликт, така да е многу логично што тие доааѓаат во Грција барајќи подобра иднина како што се случува и во другите европски држави. Не доааѓаат во Грција бидејќи претставува рај... Впрочем, кога веќе зборуваме за емигрантите, дали сметате дека е време нашата држава да направи чекор напред и да им овозможи на македонските политички бегалци кои учествуваа во (грчката) Граѓанската војна правото да се вратат во своите домови. Тоа повеќе би бил хуманитарен гест со што би се дозволило барем тие луѓе да умрат покрај своето огниште. Амбасадорот: За што зборувате Господине? Сакате да кажете да им дозволиме да влезат во нашата земја како “Тројански коњ”? Воскопулос: Г-дин амбасадор, јас сум изненаден од вашиот одговор... Тие луѓе се претежно стари мажи и жени на околу седумдесет годишна возраст... Нели Ви е непријатно кога ја претставувате нашата земја во ОБСЕ со такви екстремни гледишта... Можете ли да ми кажете зошто не ги дадовте истите одговори за време на конференцијата кога проблемот беше апсолвиран од моја страна? Амбасадорот: Слушнете ме Господине. Грција има пролеано реки крв за својата слава, за да биде она што е денес! Воскопулос: Г-дин амбасадор, јас сум повторно запрепастен. Во моменталната ситуација каде сите ние се обидуваме да изградиме Обединета европа, кога се бориме за мир на почетокот на 21-иот век, Вие зборувате за реки од крв? Би требало да знаете дека ние Македонците во Грција многу се грижиме за мирот и демократијата во нашата земја, нешто што очигледно Вие не можете ни да го замислите... Амбасадорот: Зошто тогаш не ја напуштите Грција ако не ви се допаѓа! Воскопулос: Г-дин амбасадор, сега сум навистина шокиран од она што го рековте. Г-дин амбасадор, ние припаѓаме на различни светови... Амбасадорот: Фала му на Бога што припаѓаме на различни светови... Воскопулос: Се надевам дека помладата генерација на грчки дипломати нема да се согласат со Вашиот начин на државничко размислување... за доброто на сите нас... Вашето мислење е срам за нашата земја... Догледање Г-дин амбасадор, Ве напуштам навистина шокиран од она што го слушнав од Вас...
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||