|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Израелската Амбасада во Грција го Осудува Јазикот на Водачот на Православните 12-ти Декември 2005 год http://cm.greekhelsinki.gr/index.php?sec=194&cid=1496 Франс Прес Атина 12-ти Декември Израелската амбасада во Грција ги осуди несоодветните коментари на влијателен грчки православен водач во Понеделникот, кога го спореди Израел со ѓаволот, за време на проповедта. “Тажно е кога денес во црквата употребуваме излитени изрази кои го ставаат Израел во негативно светло” се вели во изјавата на амбасадата во која се опишуваат коментарите на Г-дин Кристодулос, влијателен човек во Грчката Православна Црква. Кристодулос истакна дека грчкото општество ризикувало да “отиде во Израел, т.е. во рацете на ѓаволот”, поради нејзината апатија “соочена со злите сили кои се закануваат да ја подкопопаат државата со тоа што се обидуваат да ја дехристијанизираат.” Неговите коментари биле дадени за време на церемонијата на посветување на грчки православен свештеник. “Како грчки Евреин јас сум тажен што се користеа такви зборови,” рече Претседателот на Еврејскиот Грчки Совет (КИС) Моисос Константинис. КИС го критикуваше Кристодулос во 2001 год. кога високиот свештеник ги обвини Евреите дека “стоеле позади” одлуките на владата да ја избрише ставката за религија на личните карти во Грција. Повеќе од 95% од Грците се православни христијани така да Грчката Православна Црква има влијателна улога во земјата каде црквата и државата не се официјално поделени. Кристодулос исто така ги посрамоти грчките власти кога рече дека препознал “божествен бес” во нападите над САД на 11-ти Септември 2001 год. Исто така тој постојано го предизвикува гневот на соседната Турција со неговите анти-Турски коментари.
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||