|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Тројца грчки новинари осудени за клевета на јазичен активист со влашко пoтекло Лерин, Сабота, 10 Декември 2005 Од Георгиос Н. Пападакис Извор: http://www.eurolang.net
Минатиот вторник Атинскиот суд донесе одлука дека тројцата грчки новинари се виновни за “навреда”, минимално полесно обвинение од обвинението за клевета, што се однесува до грчкиот правосуден систем. Тоа се издавачот Димитрис Ризос, режисерот Г. Берцос и главниот уредник К. Сарикостас сите од дневниот весник Адесмефтос Типос. Ова беше резултат на успешната тужба поднесена од страна на потпретседателот на Комитетот за Грција при ЕБПУЈ, по раѓање влав, Сотирис Блецас. Основното обвинение против тројцата новинари беше за клевета и навреда, но поради новиот закон што беше имплементиран во Јули 2005 обвинението за клевета беше ублажено во навреда. Покрај тоа, поради навредливиот натпис што беше напишан во Септември 2004-та година, значи пред Јули 2005-та, немаше пресуда со притвор со што обвинетите би се соочиле, во сличен случај, со едногодишна затворска казна. Анонимниот натпис во весникот содржеше различни клеветнички обвинувања против Блецас, познат активист за прашања поврзани со јазичната различност во Грција и пошироко. Тој беше опишан како “про-скопски агент кој... провокативно шири пропаганда за непостоечки, таканаречени малцински јазици во Грција... и беше осуден за тоа во минатото.” На судењето беа присутни грчки парламетарци, членови на Нова Демократија (владејачката партија) за да ги бранат Ризос, Берцос и Сарикостас. Според сведочењето на пратеничката Катерина Папакоста, не постои доказ дека тврдењата во натписот биле насочени конкретно кон Г-дин Блецас. Друг парламентарец, Вирон Полидорас, тврдеше дека тој е поборник за заштитата на влашкиот (аромански) јазик и ја има потпишано Препораката 1333 на Советот на Европа во 1997 година но ќе биде благонаклонет кон него се додека не ги повредува грчките национални интереси. Третиот пратеник што сведочеше, Евгениос Хаитидис, е оној што Блецас го има донесено пред суд поради дистрибуирање на летоци на ЕБЛУЛ во 1995-та. Тогаш судот донесе одлука дека Блецас не е виновен, а тој поднесе противтужба против Хаитидис која ќе го види своето судење на почетокот на 2007 година. Веднаш после одлуката на судот Г-дин Блецас за Еуроланг изјави дека иако е без казни ова ќе биде “добра лекција” за секој кој ќе ги омаложува и клевети активистите за малцински права во иднина. Исто така тој ја повика Грчката Влада да соработува со ЕБЛУЛ за да ги зачува и промовира малцинските јазици на кои им се заканува исчезнување. Во малцинските јазици во Грција спаѓаат: Влашки (Аромански), Македонски, Помачки, Арвантски, Ромски и Турски. Само турскиот јазик моментално се изучува во малцинските училишта во Западна Тракија. Еуроланг 2005
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||