Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Отворено писмо до грчката Влада и грчкото јавно мислење

Флорина/Лерин

Read this page in English | Read this page in Greek

 


По повод дијалогот кој се води vo javnosta за македонското прашање и за односите меѓу Република Македонија и Грција во последните денови, должни сме како одговорен политички субјект да се обратиме до грчката јавност:

Прашањето за името е еден технички проблем, создаден од нашата земја, кој односите меѓу двете земји ги доведе до ќорсокак и затоа денес Владата се обидува да го деблокира по најмала политичка цена на внатрешен план. На надворешен план, се обидува да го пресретне развојот на настаните, затоа што напролет се предвидува Република Македонија да отпочне со преговори за нејзиниот пристап во ЕУ, процес кој, во постојните политички услови на европско ниво, не е можно да се спречи.

Ваквиот процес и перспектива ја поттикнаа грчката Влада да ја превземе ,,иницијативата сега", свесна дека подоцна политичката цена ќе биде поголема. Се разбира, изјавите за вето кои се даваат или поточно излегуваат од некои владини no I drugi усни со подзапнување, во услови на присутното политичко едномислие и посебно по licemernoto однесувањe на vlasta по кипарското прашање, може да se сфатат како несериозни и дури смешни.

Нашиот политички став за прашањето за името, кое во оваа фаза се прикажува како "проблем за унапредувањето на меѓудржавните односи", не може да биде поинаков од почетниот pricipijalen став што го имавме за тоа како ќе се именува соседната земја - се разбира како и секоја друга земја, а тоа зависи исклучиво од граѓаните и претставува нивно демократско лично и колективно право.

Но, бидејќи работите по македонското прашање се посериозни од симантичките и јазичните егзибиции од гачките на грчката влада, должни сме да потенцираме дека клучот во тн. Македонско прашање, денес, се наоѓа на друго место.

Тоа е одбивањето на Грција (како и на Бугарија) да го признае постоењето и да ги почитува правата на македонската нација. Се разбира, тоа се вклопува во одбивањето да се признае постоењето и правата на македонското малцинство. Овој проблем, како што го образложува грчката Влада, не е проблем ниту на kulturno наследство, ниту на тоа што еден дел од грчката држава го носи легално името Македонија, ниту на тоа што соседната држава се вика Република Македонија. Тоа што упорно одбива да го признае грчката влада е дека не се согласува со етничка употреба на зборовите ,,Македонија", ,, Македонец" и ,,Македонско", поради постоењето на македонското малцинство во Грција, кое во иднина ќе искаже територијални претензии (согласно грчките националисти). Тоа е вистинскиот долгогодишен проблем на секоја грчка влада, а не името. Но, ако ова го признае грчката Влада, тогаш ќе треба да пристапи кон аналогни мерки за признавање и почитувања на првата на малцинството. Се разбира, секој одговорен грчки националист не е во можност да сфати дека токму одбивањето и угнетувањето доведуваат до национализам, територијални претензии и нарушување на мирот.

За "терминолошки" импресионираните бранители на синтетички formuli za "прифатливото" име, толкувањата zа географската одредница i sl. кои се однесуваат на вознемиреноста заради "техничкite" problemi што ќе создаде на меѓунродно ниво употребата на terminot Македонија од страна на naшата држава, работите не може да се поедноставни, отколку што навистина се.

Поточно, што се однесува до името на оваа држава - Република Македонија, тоа веќе, само по себе е сложено. Предлогот Република пред зборот Македонија, jasno зборува за државен поредок i се однесува на конкретен географски регион. Значи има и политичко и географско значење, бидејќи конкретната Република Македонија постои во конкретен географски регион и никаде на друго место. Всушност, ниту еден регион во Грција не го носи името Република Македонија, за да предизвика конфузија, со употребата на погоре наведениот термин. Работите се толку многу едноставни.

Што се однесува до upotrebata na зборот Македонec, денес мнозинството граѓани на Северна Грција, вообичаено се нарекуваат Грци или ,,грчки Македонци", не само затоа што се грчки граѓани, туку затоа што се определија да и' припаѓаат на грчката нација. Употребата на зборот Македонија од Грци по потекло е или географска одредница или етничка со додавката Грк пред terminot Македонец. Припадниците pak на македонското малцинство во Северна Грција го употребуваат зборот Македониec како самоопределена етничка одредница, исто како и зборот ,,етнички Македонец", за да се издвојат во однос на ,,грчкиот Македонец". Доколку постои општо прифатено почитување на правото на избор или поинакво толкување од страна на било кој грчки граѓанин, се поставува прашањето - каде е тогаш проблемот?

Генерално, крајно време е, нашата држава да го информира просечниот грчки граѓанин во врска со националните прашања во Грција, дека:

- Модерните нации и националните држави како што е грчката, немаат никаква врска со Леонидас, Перикле или soglasno so grчkiot mit vo poslednite години so Букефал, туку се резултат на постојаните случувања во европските заедници по паѓањето на феудализмот, воглавно на ниво на мануфактура и организирање на работата на европска почва,

- Националните, јазичните, верските, политичките, идеолошките и други идентитети се резултат на постојани позајмувања од човек на човек, од народ на народ, во текот на историскиот развој na човекиот род од неговото појавување па се до ден-денес,

-Исто така, новоформираните национални колективитети или национални идентитети не се резултат на директна врска на денешните нации со античките народи, но се вообичаен резултат на идеолошка употреба на историјата, од организирана заедничка целина и нивните механизми како што се националните држави,

- Новогрчката нација не е ништо поинаква од другите народи на Балканот и е збир на повеќе народи, во кој грчките граѓани се здобија со една заедничка национална свест, постепено од основањето на новогрчката држава, па се до денес, преку поставените механизми темелени на основната полуга во образовниот систем.

Виножито како политички субјект од формирањето во 1994 до денес преку своите активности, безброј пати, има изјавено дека границите на Балканот треба да бидат почитувани и неменливи меѓу балканските држави во корист на мирот и соживотот на граѓаните од Регионот. Малцинствата кои се наоѓаат во овие држави, не само што треба да одбијат да бидат орудие за големите ehpanzionistiчki политички идеи, туку треба да развиvat односи на солидарност и заедништво со останатото население и другите малцинства во нашата земја.

Во конкретниот историски случај, би сакале денес, јавно, да го истакнеме однесувањето на Владите на Република Македонија во текот на сите овие години, кои покажувајќи невидена политичка зрелост како ниедна друга Балканска држава, држејќи еден навистина одговорен и европски став во политиката што ја водат, спротивно на она што го прават нејзините соседи, не се обидеle ниту најмалку да интервенираt или да го ,,искористat" постоењето на македонското малцинство во тие земји.

Од основањето па се до денес, Виножито имајќи среќа да учествува во европските политички процеси, преку Европската слободна алијанса во Европскиот Парламент, се движи и спроведува аналогна политичка пракса. Се обидува преку демократски и мирни активности да ја убеди грчката Влада да ги почитува правата на македонското малцинство, како што тоа се случува во секоја културна и демократска држава во денешна Европа, но и да ги зајакне во внатрешноста односиte со сите грчки демократски граѓани.

Демократизацијата и суштинското европеизирање на нашата земја и заедница се проценува преку нејзиното однесување кон малцинствата. За жал, во нашата земја постои недостаток на демократија на тој план.

Посакуваме една Грција, но и една мирна Европа, мултикултурна и со многу бои какви што има во секое виножито.

Европа, всушност и денес но и во иднина, е и ќе биде нашата голема заедничка татковина.

-----
Политичкиот Сеkретаријат на Виножито

 

top of page

 

 

Watch Our Streaming Video Archive

Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

Council of Europe
Framework Convention
for the Protection of National Minorities

Συμβούλιο της Ευρώπης
Σύμβαση Πλαίσιο για τηv
Προστασία των Εθνικών Μειονοτήτων

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International