Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Лерин/Флорина 03.10.2006

Извештај за печатот

in Greek

 

Европското биро за помалку употребувани јазици (ЕБПУЈ), Комитетот во Грција на ЕБПУЈ и Европската слободна алијанса-Виножито пред неколку дена ја објавија книгата БУКВАР-АБЕЦЕДАР на македонски јазик.

Букварот се состои од два дела. Првиот дел претставува егзактна копија на АБЕЦЕДАРОТ од 1925 година, книга која беше наменета за македонското население во Северна Грција. Тогаш европските држави преку “Друштвото на народите” ја притиснаа Грција да издаде буквар на македонски јазик. За жал Абецедарот никогаш не стигна до македонските деца и беше конфискуван и уништен од страна на грчките власти веднаш по печатењето.

Во книгата се сместени и историјатот на Абецедарот од 1925 година, поздравниот текст на Претседателката на ЕБПУЈ, како и на Претседателот на грчкиот комитет при ЕБПУЈ. Понатаму се наоѓа и “благодарноста” на членовите на “Виножито” до Грчката влада поради нејзиниот придонес кон реализацијата на овој проект. Имено, дел од парите што “Виножито” ги доби после осудувачката пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур против Грција а во корист на “Виножито” (поради истакнувањето на двојазичната табла во Лерин во 1995 година) се искористија токму за печатењето на оваа книга. Текстовите во букварот се напишани на три јазика, грчки, македонски и англиски.

Вториот дел на книгата претставува современ буквар на македонски јазик каков тој се изучува денес во целиот свет.

Букварот веќе се дистрибуира низ Грција, а во почетокот на Ноември се планира и промоција во Атина, како и во Солун и поголемите градови во Грција каде што живее македонско население.

Канцеларија за печат на ЕСА-Виножито

 

top of page

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International