Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Македонскиот абецедар ре-издаден во Грција после 81 година

http://www.makfax.com.mk/

in English

 

Букварот на македонски јазик со наслов Абецедар, кој беше печатен во Атина во 1925 година како резултат на признавањето на македонското етничко малцинство по Првата светска војна, е повторно издаден во Грција.

Ре-издавањето на Абецедарот, кој всушност никогаш не стигна до децата на македонското национално малцинство во Грција беше финализирано неодамна во Солун, како што јавува дневниот весник Дневник.

Наскоро ќе се одржи и промоција на Абецедарот во Атина, како и во Солун и неколку други градови со македонско население.

Атанасиос Парисис, претседателот на Грчкиот комитет при Европското биро за помалку употребувани јазици (ЕБПУЈ), изјави за Дневник дека ре-издавањето на Абецедарот претставува жив доказ за неуспехот на Грција да го негира постоењето на Македонците.

Издавањето на Абецедарот беше подржано од Европското и Грчкото биро за помалку употребувани јазици, како и партијата Виножито, основана од Македонците во Грција, која е членка на Европската слободна алијанса.

Абецедарот од 1925 година напишан на македонски јазик на кој се зборува во Егејска Македонија беше отпечатен на латинско писмо бидејќи грчките власти сакаа да направат разлика помеѓу македонскиот, српскиот и бугарскиот јазик.

Во 1920 година Лигата на народите беше иницијатор на низа спогодби кои се однесуваа на заштитата на малцинствата во повеќе европски држави, во кои беа наведени обврските на државите во однос на обезбедување на цивилна и политичка еднаквост на малцинствата. На 10 Август 1920 година беше потпишана спогодба за заштита на не-грчките етнички малцинства во Грција помеѓу големите сили и Грција; беше именуван како Спогодбата од Севр која им гарантираше на малцинствата во Грција слободна употреба на мајчиниот јазик како во личната така и во официјалната комуникација.

 

top of page

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International