Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Европската комисија заклучи дека Бугарија не ги исполнува нејзините демократски обврски

read this page in English

 

Во писмото на Претседателот на Европската комисија Г-дин Баросо до ко-директорот на ЕСА Гунтер Довен јасно се вели дека Бугарија може да биде оценета од страна на Комитетот на министрите на Советот на Европа дека не ги исполнува нејзините обврски ако тие не ја регистрираат партијата ОМО Илинден Пирин. „Европската комисија е добро запозната со пресудата на Судот за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур која се однесува на прекршувањето на членот 11 на ЕСЧП од страна на Бугарија. Европската комисија очекува секоја земја членка на Европската Унија потполно да се однесуваат во согласност со пресудите на ЕСЧП“, се вели во писмото.

Претседателот на Европската слободна алијанса (ЕСА), Нели Маес, го осудува непостоењето на минимални гаранции зафункционирањето на демократијата во Република Бугарија. Сите можни средства се искористени од страна на властите само да спречат една демократска и мирна организација да се регистрира како политичка партија.

На 20 Октомври 2005 година Европскиот суд за човекови права ја осуди Бугарија за негирање на правото на ОМО Илинден Пирин да се регистрира. Наместо да ја прифати регистрацијата и да ја плати казната како што Судот нареди, Бугарија ги искористи сите можни недемократски и двосмислени трикови да го одбие новиот обид за регистрација на партијата. Очигледно Бугарија се плаши да ја игра играта на демократија по сите правила и го фалсификува патот на легалната процедура.

Нели Маес, претседателот на ЕСА изјави:

„Срамно е тоа што Бугарија ќе влезе во ЕУ во време кога очигледно докажува дека не е расположена да со однесува во согласност со Европската повелба за основни човекови права. Ние ќе им напишеме писма на 46-те министри за надворешни работи на земјите членки на Советот на Европа барајќи од нив да го истражат овој очигледен пример на неусогласување.“

Пратеникот во Европскиот парламент Бернат Жоан И Мари го изјави следново:

„Едноставно не можам да разберам зошто Бугарија ризикува да го расипе историскиот момент на влегување во ЕУ со тоа што му ја покажува на светот својата неволност да дејствува како млада демократија.“

Прочитајте го писмото на Европската комисија.

 

top of page

 

 

Watch Our Streaming Video Archive

Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

Council of Europe
Framework Convention
for the Protection of National Minorities

Συμβούλιο της Ευρώπης
Σύμβαση Πλαίσιο για τηv
Προστασία των Εθνικών Μειονοτήτων

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International