|
||||||||
|
||||||||
Етничката македонска политичка партија во Бугарија е спремна за регистрација и го поздравува влегувањето во Европската унија Петрич, Бугарија, Од Георгиос Пападакис (кликни овде за оригиналната статија) read this page in English |
Етничката македонска партија во Бугарија, ОМО Илинден Пирин, направи решавачки чекор кон нејзината легитимизација и официјална регистрација пред бугарските судови по успешното собирање на 5000 потписи. Ова е бројката која ја бара Бугарија како предуслов за било која политичка партија што сака да биде легална и да учествува на национални избори. “Ова претставува историска пресвртница за Македонците во Бугарија и силен сигнал дека ние сме овде и дека ќе работиме за потполно остварување на нашите права како идни граѓани на Европската унија.” Изјави за Еуроланг Стојко Стојков, претседател на ОМО Илинден Пирин. Тој исто така даде коментар за неодамнешните сугестии на Европската комисија до европските лидери, дека најверојатно Бугарија и Романија ќе бидат примени во Европската унија следниот Јануари, потенцирајќи дека тоа би било многу позитивно за бугарските граѓани, како и за големата македонска заедница во земјата. “Објективно не сметаме дека Бугарија заслужува да влезе во Европската унија. Оваа држава ги нема исполнето основните критериуми во поглед на признавање и заштита на нејзините малцинства, не спомнувајќи го фактот дека земјава е зафатена со висока инфлација, кријмучарење, невработеност, ниски плати и пензии. Понатаму, реформите не се имплементирани најбргу и најдобро што може.” Но бидејќи влегувањето во Европската унија најповеќе претставува политичка одлука, Стојков се надева дека истата ќе биде позитивна за Македонците во Бугарија и за нивните напори за признавање. Минатата недела, Европската слободна алијанса (ЕСА) остро го критикуваше позитивниот извештај на Комисијата за пристапувањето на Бугарија кон ЕУ, поттикнувајќи ја земјата потполно да ги почитува малцинските права. Зборувајќи за сознанијата со кои се здоби партиската делегација при посетата на пиринскиот регион во Септември, претседателот на ЕСА Нели Маес, го изјави следново: “Бевме сведоци дека земјата нема демократска традиција ниту пак желба да ги почитува малцинствата. Македонците кои што живеат во Бугарија се игнорирани и не им е дозволено правото на здружување. Срамота е што Комисијата не извлекла поука од проширувањето во 2004.” Г-динот Бернат Жоан И Мари, каталонскиот европратеник и водач на делегацијата, додаде дека Европската унија не мора да заземе подредена улога и да ги затвора очите кога станува збор за човекови права бидејќи во некои земји членки на ЕУ можат да се појават поголеми проблеми од постојните. ОМО Илинден Пирин беше основана во 1999 и учествуваше на локалните избори во Октомври истата година. Сепак, неколку месеци подоцна Уставниот суд на Бугарија ја прогласи партијата за нелегална, тврдејќи дека нејзините “...цели беа директно насочени против единството на нацијата.” Од тогаш Бугарија се обидува да попречи во било која активност на ОМО Илинден Пирин, покачувајќи го потребниот број на потписи за да се регистрира политичка партија на 500. Кога партијата го собра потребниот број на потписи, законот беше променет уште еднаш, качувајќи ја бројката на 5000. Стојко Стојков е оптимист дека бугарската држава нема да го промени повторно законот и дека наскоро ќе ја регистрира македонската партија. (Еуроланг 2006) линкови:
|
|
|||||||