Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

ГРЧКИ ХЕЛСИНШКИ МОНИТОР
Извештај за печат

read this page in English | read this page in Greek

 

Грчката државна новинска агенција и грчките медиуми го искривуваат ставот на американскиот Стејт департмент по прашањето за македонскиот јазик и етницитет.

Грчкиот хелсиншки монитор (ГХМ) го осудува новиот пример на диригирано новинарство во служба на “националниот интерес” од страна на грчката државна Атинска новнинска агенција (АНА) за веста која намерно беше расгласена од страна на неколку грчки медиуми без да се провери веродостојноста на приказната и покрај нејзината очигледна нерационална содржина. Порпаролот на Стејт департментот во одговор на грчки новинар на 19 Октомври изјави дека САД ги признаваат државите (вклучувајќи ја и Република Македонија со нејзиното уставно име) а не јазиците или суб-националните групи во рамките на државите. Таа изјава беше изобличена од страна на АНА со цел да прикаже дека “американскиот Стејт департмент не го признава македонскиот јазик или етницитет”. Да се очекува таква позиција од САД неколку денови откако делегацијата на Стејт департментот во ОБСЕ се обраќаше директно на македонското малцинство во Грција е очигледно нерационално. Обраќањето на Стејт департментот се наоѓа на страницата

http://www.osce.org/item/21661.html

И покрај тоа веста беше разгласена со големо задоволство од страна на грчките медиуми како што направија и атинските радио станици СКАИ и Флеш како и националниот дневник Елефтеротипиа. ГХМ ја приложува и сторијата на АНА која се наоѓа на следниот линк, како и транскрипцијата на соодветниот извадок од брифингот, и извешатајот на Грчкиот комитет при Европското биро за помалку употребувани јазици.

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International