|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
ОБСЕ СИЧД – РАБОТНА СЕСИЈА 10: read this page in English |
Г-дин Модератор Дозволете ми во името на делегацијата на Република Македонија, да реплицирам на изјавите кои ги дадоа истакнатите претставници на Грција и Бугарија. Одговорот на прашањето за (не)припаѓање на национално малцинство не е суверено право на државите, а кога го кажувам тоа мислам на параграфот 32 од Копенхашкиот документ: (цитирам) „Припадноста на некое национално малцинство е прашање на индивидуален избор на личноста и не смеат да произлезат никакви проблеми од практикувањето на таквиот избор“. (крај на цитатот). Слична одредба се наоѓа и во Рамковната конвенција за национални малцинства на Советот на Европа. Постоењето на население кое се препознава себеси како македонско, во етничка смисла, во овие држави, е всушност признато од неколку искусни, компетентни и широко прифатени и познати меѓународни форуми и нивните тела, сопственици на меѓународно прифатени механизми за мониторинг. Дозволете ми да набројам само две од нив: -Европската комисија против расизам и нетолеранција на Советот на Европа и Нивните заклучоци, препораки и пресуди се задолжителни за членовите на Советот на Европа и би требало да бидат почитувани и од Грција и Бугарија како од признати демократски држави, членки на сите поглавни меѓународни организации како и актуелните (Грција) и идните (Бугарија) држави членки на Европската Унија, чии стандарди треба да служат како пример за останатите држави. Ви благодарам Г-динМодератор
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||