Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

СРЕДБА НА ОБСЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ЧОВЕЧКАТА ДИМЕНЗИЈА

Среда, 11 Октомври 2006, Работна сесија 14, 10:00-13:00
Толеранција и не-дискриминација: Национални малцинства

Излагање на претставникот на Домот на македонската култура

read this page in English | read this page in Greek

 

Благодарам Г-дин Модератор

Денес би сакал да зборувам за употребата на традиционалните топоними, правото на малцинствата да ги користат нивните имиња и презимиња на нивниот мајчин јазик и конкретната политика на грчката држава кон забранувањето на такви имиња.

Колку за информација, во периодот помеѓу двете светски војни Грција донесе одреден број на закони со кои ги заменува сите не-грчки имиња на градови, села, реки и планини со грчки имиња. Овие традиционални топоними кои сеуште постојат во неформалната комуникација помеѓу населението не добиваат официјално признавање од страна на грчките власти. Ова претставува кршење на Препораката број 3 од Препораките на високиот комесар од Осло во врска со лингвистичките права на националните малцинства.

Исто така во истиот период, во 1930 година, личните имиња на индивидуите кои припаѓаат на македонската говорна заедница беа насилно сменети. Оние кои го носеа семејното презиме на Филипови, беа прекрстени во Воскопулос. Во Април 2005 година, Павлос Воскопулос, член на оваа фамилија, поднесе барање до локалниот Префект во родниот град за да го смени неговото презиме во традиционалното македонско презиме “Филипов”. Според грчкото право, префектот има две решенија кога ќе добие такво барање. Тој може да го одобри или отфрли барањето. За да донесе било каква одлука, тој не треба да се консултира со Министерството за внатрешни работи. Во овој случај префектот одлучи да се консултира со Министерството. Во Март оваа година, Министерството издаде мислење за случајот во кое му сугерира на префектот да го отфрли барањето врз основа на следниве аргументи, цитирам:

“Менувањето на презимето на барателот од грчко во “странско” треба да биде одбиено бидејќи за со дозволувањето на таков чин може да се предизвика конфузија во врска со националната припадност на барателот, а со тоа и да дојде до потешкотии во односите и контактите помеѓу барателот и грчките власти.”

Странско име? Збунување за националната припадност? Потешкотии во контактите со грчките власти? Дали грчката делегација ќе сака да објасни што со ова сака да каже Министерството за внатрешни работи? Параграфот 32 од Копенхашкиот договор вели дека “Припадноста кон национално малцинство е прашање на индивидуалниот избор на личноста и не смеат да произлезат никакви недостатоци од практикувањето на таквиот избор”. Затоа сметам дека мислењето на Министерството се коси со овој параграф.

Префектот го отфрли барањето на Г-дин Воскопулос врз основа на советувањата од страна на Министерството. Случајот беше доставен и пред Генералниот секретар на регионот, кој ја подржа одлуката на префектот. Со одбивањето на барањето на Г-дин Воскопулос да го користи традиционалното фамилијарно презиме, Грција покажа дека не ги исполнува обврските кон ОБСЕ на ова поле. Ова претставува кршење на Препораката 1 од Препораките на високиот комесар од Осло и затоа треба да се стави крај на таквото однесување.

Ви благодарам на вниманието

 

top of page

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International