Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

ОБСЕ-СИЧД во Варшава - Октомври 2006

Среда 10 Октомври 2006, 10:00-13:00, Работна сесија 14

Толеранција и не-дискриминација, Национални малцинства

ВИНОЖИТО - Организација на македонското национално малцинство во Грција, ул. Стефану Драгоуми 11, 53 100 Флорина/Лерин Грција

Тел-факс: ++30 23850 46548

www.florina.org e-mail rainbow@florina.org

read this page in English | read this page in Greek

 

Благодарам Г-дине Модератор

Моeтo излагање ќе се фокусира на лингвистичките права на националните малцинства во мојата земја. Посебно би зборувал за македонската говорна заедница во Грција.

Иако различни институции кои работат на полето на човековите права остро и препорачаа на грчката држава да превземе мерки за признавање и заштита на лингвистичките права на македонската популација во Грција, грчката влада продолжува да го игнорира тоа. На пример, во 2003 година Европската комисија за расизам и нетолеранција препорача дека Грција треба да ја потпише Европската повелба за регионални или малцински јазици како и да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.

Овде би сакал да напоменам дека вообичаена практика на грчките претставници во различни меѓународни форуми е да тврдат, дека во Северна Грција живеат мал број на луѓе кои зборуваат на словенски дијалект или идиом, каков што е и ланскиот случај со грчкиот претставник во Советот на Европа Г-дин Ајфантис, кој го тврдеше истото во неговото обраќање поврзано со македонската говорна заедница во Грција. Затоа го поставувам следното прашање: Зошто грчката влада нема преземено мерки за да го заштити и промовира таканаречениот “дијалект”? Би требало да го споменам и податокот дека таканаречениот дијалект или идиом за кој зборува грчката влада всушност припаѓа на еден јазик. Тој јазик е македонскиот јазик.

Друг чуден пристап на грчката влада како што слушнавме во Понеделникот од страна на грчкиот амбассадор, е да ја изедначи бројката на македонското малцинство со политичката определба на граѓаните изразена на изборите. Г-дин Амбасадор, би требало да бидете свесен дека Македонците гласаат за многу партии, а не исклучиво само за ЕСА-Виножито. Најдемократскиот и најточен начин да се добие бројката на луѓето кои припаѓаат на одредено лингвистичко малцинство е преку национален попис, а не преку избори. За жал на грчкиот попис е неозможно да се изјасне лингвистичкиот или националниот идентитет. Силно ја охрабруваме грчката влада да го овозможи тоа на следниот попис во 2011 година.

Дури и ако резултатите во иднина покажат дека македонското малцинство е застапено помалку од 1%, како што тврдеше истакнатиот грчки амбасадор во понеделничната сесија мислејќи на гласовите на ЕСА-Виножито, значи ли тоа дека тие луѓе не смеат да ги остварат своите културни права? Од вкупната популација од 70 милиони жители во Турција, грчкото национално малцинство брои помалку од 2500 луѓе кои претставуваат 0.002% од целото население. Како Македонци во Грција, нашето мислење е дека дека ова група не помалку заслужува јазични малцински права, кои Грците во Турција веќе ги уживаат.

Виножито верува дека во ситуација каде малцинството претставува сосема мал дел од целата популација на една држава, политиката на таа држава кон ова малцинство треба да е поагресивна во поглед на заштита на нивниот идентитет. Ние како членови на македонското малцинство во Грција ги презедовме првите чекори кон остварување на овие права, со печатење на буквар на македонски јазик, и покрај фактот дека тоа е работа на грчката влада, како што е и нормална пракса во сите други држави. Се надеваме дека оваа иницијатива конечно ќе го убеди Министерството за образование на нашата земја да ги преземе неопходните мерки за воведување на македонскиот јазик во грчкиот образовен систем.

Во оваа прилика, Г-дин Амбасадор, би сакал вие да бидете првиот претставник на грчката влада кој официјално ќе ја добие оваа книга.

Благодарам на вниманието

 

top of page

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International