Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Извештај за печатот

 

ЕСА-Виножито ја повикува Европската Унија да стави крај на дискриминацијата на Македонците во Бугарија. ЕСА-Виножито, Македонците во Грција и сите демократски европски граѓани уште еднаш останаа без зборови кон последниот чин на држава која претендира да биде демократска. Бугарија, која за жал наскоро ќе стане полноправна членка на Европската Унија, продолжува да го малтретира нејзиното многубројно македонско малцинство, користејќи методи кои директно наликуваат на оние користени од наjлошите тоталитаристички режими кои Европа никогаш ги нема доживеано.

Охрабрени од првичното одбивање на Европскиот Парламент на амандманот за Македонците во Бугарија и регистрацијата на нивната политичка партија ОМО Илинден Пирин (како што беше предложено од ЕСА и Зелените), бугарските власти ги зголемија нивните анти-македонска дејствувања. Претставници на власта (вообичаени полицајци), го посетуваат буквално секој граѓанин кој ја има потпишано апликацијата за регистрација на партијата, или пак го повикуваат во локалните полицијски станици. Таму Македонците се присилени да потполнат таканаречен „формулар за објаснување“ (погледнете го додатокот), со скандалозни прашања како на пример, дали знаат дека нивните потписи се наоѓаат на апликацијата на ОМО ИЛинден Пирин, и дали имаат добиено некакви пари од нив!

Овие постапки имаат за цел да ги заплашат Македонците во Бугарија. Тие не само што се во директна спротивност со принципите на европските хумани и малцински права, туку и грубо ги кршат основните закони на Европската Унија за заштита на личните податоци.

ЕСА-Виножито и Македонците во Грција како жртви на слични такви мерки во недамнешното минато, ја повикуваат Европската Комисија и сите политички партии во Европскиот Парламент кои гласаа за горенаведениот амандман под итно да реагираат и да ги сопрат овие срамни инциденти.

Понатаму, да извршат притисок врз Грција и Бугарија за да ги почитуваат најмалку основните права на нивните големи македонски заедници. Фактот дека Македонците на Балканот постојано ги бараат нивните човекови права користејќи мирољубиви и демократски средства, за разлика од другите малцинства од нашиот турбулентен регион, треба соодветно да се цени.

Канцеларија за печат на ЕСА-Виножитo

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International