Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Промоција на букварот на македонски јазик на годишната средба на ОБСЕ за имплементирање на човечката димензија

Извештај за печат:

read this page in English | read this page in Greek

 

Грчкиот амбасадор во ОБСЕ, Г-нот Хараламбос Г. Манесис стана првиот претставник на грчката држава кој официјално доби примерок од македонскиот буквар „Абецедар” за време на годишната средба на ОБСЕ за имплементирање на човечката димензија во Варшава. Оваа иницијатива на ЕСА-Виножито која беше топло примена од другите делегации, доаѓа како одговор на неодамнешните тврдења од страна на грчката држава дека сеуште не постои македонски буквар.

Претставникот на ЕСА-Виножито пред 50-те држави членки и бројните невладини делегации го изјави следново:

“Ние, припадниците на македонската заедница во Грција, го направивме првиот чекор кон признавањето на македонскиот јазик во нашата земја со објавувањето на овој буквар. Иако веруваме дека грчката држава требаше да ја превземе оваа иницијатива која всушност претставува стандардна меѓународна пракса, продолжуваме да ја поттикнуваме нашата влада конечно да го воведе македонскиот јазик во државниот образовен систем.”

На Работната сесија на етничките малцинства на Средбата на ОБСЕ, делегациите на ЕСА-Виножито и Домот на македонската култура го потенцираа фактот дека Грција сеуште применува неприфатлива политика кога станува збор за етничката и лингвистичката различност.

ЕСА-Виножито би сакала да се надева дека овој симболичен гест како и издавањето на букварот на македонски јазик ќе ја натераат грчката држава да ја ревидира нејзината политика и во најмала рака да ги применува меѓународните и демократските искуства во заштитата на човековите и малцинските права.

Macedonian primer Abecedar presented to Greek ambassador ot OSCE Haralambos G. Manesis

На фотографијата: Претставникот на ЕСА-Виножито врачува примерок од букварот на македонски јазик на грчкиот амбасадор во ОБСЕ, Г-дин Манесис.

Канцеларија за печат на ЕСА-Виножито

 

top of page

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International