Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Грчки Хелсиншки Монитор
http://cm.greekhelsinki.gr

Извештај за печат

Грција: Малтретирање на бранителите на човекови права во 2005 – Набљудувачки извештај

read this page in English | read this page in Greek

 

Грчкиот Хелсиншки Монитор (ГХМ) го поздравува издавањето на Годишниот извештај за 2005 година за светските најважните бранители на човековите права, невладините организации - Опсервацијата на заштитата на бранителите на човековите Права, која посветува внимание на неколку случаи на малтретирање на луѓе кои работат на заштитата на човековите права во Грција, кои се пренесени подолу во текстот.

 

Годишен Извештај за 2005 година

Предговорот од Луис Арбор

Целиот извештај на:
http://www.omct.org/pdf/observatory/2006/obs_annual_report_2005_eng.pdf

(извадок за Грција)

ГРЦИЈА

Нападот врз Г-дин. Грегориј Валианатос *13

На 11 Април 2005 Г-дин Грегориј Валианатос, претседател на Грчкиот хелсиншки монитор независен новинар и продуцент на телевизиски емисии поврзани со човековите права, во Атина беше неападнат од Г-дин. Алексис Кугиас, адвокат, познат по своите хомофобични ставови. Г-дин Кугиас насилинички го удрил Г-дин Валианатос по главата и го навредил. Г-дин Валианатос поднесе тужба против Г-дин Алексис Кугиас. Кон крајот на 2005 година процедурата сеуште беше во тек.

На 12-ти Април 2005 година полицијата го уапси Г-дин Кугиас кој беше изведен пред Обвинителот и беше ослободен наредниот ден, чекајки ги резултатите од кривичната истрага. Истиот ден Адвокатската комора на Атина презеде дисциплински мерки против Кугиас и го суспендираше на шест месеци. Тој досега неколкупати бил цел на слични дисциплински постапки, меѓу кои и поради искажување на хомофобични мислења. Г-дин Кугиас поднесе жалба против оваа одлука. Кон крајот на 2005 година случајот беше испитан од страна на Дисциплинското биро од втор степен на Адвокатската асоцијација.

И покрај се, Г-дин Алексис Кугиас ги повтори вербалните напади во медиумите во неколку наврати.

Клеветнички изјави против неколку невладини организации *14

На 19 Април 2005 година Г-дин Никитас Какламанис, Министер за здравство, и Г-ѓа Јона Деспотополу, Генерален секретар на Социјална солидарност, јавно ги обвинија невладините организации за “постоење само на хартија” и за “давање на негативни извештаи врз база на неверодостојни, претерани и погрешни информации за жртвите на кријмучарење на луѓе во Грција, за да добијат зголемување на финансирањето од страна на грчкото Министерство за надворешни работи. Конкретно тие  ги посочија невладините организации. Овие изјави, кои Г-дин Деспотополу ги повтори во Јули 2005-та, проследени со информација пренесена од ГХМ, во име на неколку грчки невладини организации, до Комитетот за човекови права при Обединетите Нации. ГХМ поднесе жалба против овие двајца пред Парламентот, единственото тело кое е надлежно да ги оценува членовите на владата. Кон крајот на 2005 година случајот не беше затворен.

Апсењето и ослободувањето на Г-дин Лоизос Сидерис и Г-ѓа Марија Стамули *15

На 26 Април 2005 година Г-дин Лоизос Сидерис и Г-ѓа Марија Стамули, членови на Комитетот за солидарност со бегалците на осторовот Киос, лоциран во северниот дел на Егејското море, се обидоа да закачат натпис на пристаништето на островот на кој пишуваше “Европска Крвничка Тврдина - спокојноста на земјопоседниците се крие на дното на Егејот. Тие протестираа против давењето на двајца странци и исчезнувањето на петмина други на 25 Април 2005 година кои се обидувале да стигнат до Грција со брод.

По наредба на островскиот обвинител, Г-дин Лоизос Сидерис и Г-ѓа Мариа Стамули беа уапсени од пристанишните власти и се појавија пред судот следниот ден. Обвинетите за “поттикнување на граѓаните на насилство против трети лица, поттикнување на омраза и нарушување на мирот”. (Член 192 од кривичниот законик), на крајот беа ослободени.

Малтретирањето на Г-дин Тео Александридис *16

На 13 Октомври 2005 година Г-дин Тео Александридис, правен советник на ГХМ беже задржан во полициската станица четири часа бидејќи учествувал помеѓу другите активисти за човекови права, на различни демонстрации против протерувањето на ромските деца од училиштата поради притисокот наметнат од страна на некои родители на не-ромски деца во маалото “Псари” во Аспропиргос, близу Атина.

Г-дин Александридис отишол во полициската станица да поднесе жалба против родителите кои се одговорни за насилствата за време на овие демонстрации. Откако ја поднел жалбата, на Г-дин Александридис не му било дозволено да си замине и да се сретне со неговите колеги од ГХМ. Подоцна му било кажано дека е уапсен. Два часа подоцна му кажале дека нема да биде уапсен спрема законската процедура и го ослободиле. Претседателот на Асоцијацијата на родители на ученици поднесе тужба против Г-дин Александридис за “клевета”. Кон крајот на 2005-та случајот сеуште не беше решен.

Забранет влез на Г-дин Ѓорѓи Плуковски *17

На 4 Август 2005 година на Г-дин Ѓорѓи Плуковски, член на Меѓународното македонското движење за човекови права (ММДЧП) и Асоцијацијата на деца бегалци од Македонија (АДБМ) на грчката граница не му беше дозволен влез во Грција. Му бил врачен официјален документ во кој се вели дека тој претставува “закана за јавниот ред, националната сигурност, јавното здравство и меѓународните односи со една или повеќе земји членки на Европската Унија.”

Г-дин Плуковски беше во Грција во неколку наврати, како во Јуни 2005 година кога престојуваше во Грција три недели.

 

Забелешки:

13 Види затворено писмо до грчките власти, 26 Април 2005
14 Види ГХМ и Центарот за истражување и делување за мир, извештај за јавноста, 20 Април 2005
15 Види ГХМ
16 Види ОМЦТ Тужба ГРЦ 210105.ЕСЦР
17 Види ГХМ, Септември 2005

top of page

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International