Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

СРЕДБА НА ОБСЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ЧОВЕЧКАТА ДИМЕНЗИЈА

9 Октомври 2006, Работна сесија 10, 10:00-13:00
Државјанство и политички права

Излагање на претставникот на Домот на македонската култура

read this page in English | read this page in Greek

 

Ви благодарам Г-дин Модератор

Бидејќи денес зборуваме за државјанствата, би сакал да ви предочам на дискриминацијата која постои во Грција кога станува збор за истите.

За време на грчката граѓанска војна (1946-1949), илјадници грчки граѓани на напуштија Грција. По крајот на војната, на сите оние кои ја напуштија Грција за време на војната им беа одземени нивните грчки државјанства и имоти. Во 1982 година грчката влада донесе закон за амнестија (законот 106841), во кој стоеше дека политичките бегалци кои пребегале за време на граѓанската војна и на кои им е одземено државјанството ќе може да се вратат, ако докажат дека се “Грци по род”.

Во 1985 година, беше донесен законот 1540 со кој на политичките бегалци кои пребегаа за време на Граѓанската војна им се дозволуваше да си ги повратат конфискуваните имоти ако претходно се декларираат дека се “Грци по род”. Терминот “Грци по род” е референца која ја користи владата на Грција за сите оние кои себеси се идентификуваат како етнички Грци. Оттука етничките Македонци кои се политички бегалци и чии државјанства се укинати и/или имотите конфискувани се исклучени од рамноправното уживање на правата кои се загарантирани со овие закони. Со тоа остро е доведена во прашање самата суштина на законите кои се создадени врз основа на еднаквоста и чесноста.

Понатаму, начинот на формулирањето на овие закони, самата стилизација на зборовите не е бенигна работа. Намерата е јасна, а таа е дискриминација на сите оние кои спаѓаат во групата на луѓе кои се класифицирани како политички бегалци и кои не се “Грци по род”. Со оглед на тоа дека Македонците претставуваат доминантен дел во оваа категорија на луѓе, неспорно е дека тие се всушност мета на овие тенденциозни дефиниции а со тоа и директно спаѓаат во оние луѓе кои најповеќе ги почуствувале негативните последици на овие закони. Индивидуите кои се исклучени со овие два закони претежно се жители на Република Македонија, Австралија и Канада. Веруваме дека терминот “Грци по род” кој стои во овие два закони, кои ден денес се на сила, се косат со основните принципи на не-дискриминација и параграфот 31од Копенхашкиот документ во кој се вели дека:

“Поединците кои припаѓаат на национални малцинства го имаат правото потполно и ефективно да ги остваруваат нивните човекови права и основни слободи, без никаква дискриминација и со потполна еднаквост пред законите.”

Затоа во прилог на горенаведеното, грчката влада мора да го дополни овој закон за да и стави крај на дискриминацијата спрема политичките бегалци од времето на Грчката граѓанска војна кои не се Грци по етницитет. На крајот би побарал помош од ОБСЕ во врска со ова прашање, да дадат одредена поткрепаво дополнување на овие закони, како и да се осигура дека Грција ги исполнува нејзините обврски за не-дискриминација на припадниците на етничките малцинства.

Ви благодарам на вниманието

 

top of page

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International