Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Контроверзии во Грција околу номинацијата на Помак за Префект

Лерин, Сабота, 13 Мај 2006 год.

од Георгиос Н. Пападакис

оригиналната статија

read this page in English | read this page in Greek

 

Минатата недела во Грција се крена голема тензија околу кандидатурата на адвокат од помачкото малцинство за позицијата Префект на Ксанти-Кавала-Драма. Г-ица Ѓул Карахасан официјално беше номинирана од опозиционата Социјалистичка Партија ПАСОК за изборите кои треба да се одржат следниот Октомври а е воедно и првата жена кандидат која потекнува од една од трите етнички групи кои го сочинуваат таканареченото „муслиманско“ малцинство во Западна Тракија. Тоа е единственото признаено национално малцинство во земјата.

Неколку политичари, познати по своите грчки националистички погледи, како и водечки фигури на Грчката Православна Црква, протестираа против одлуката на ПАСОК. Министерот за Македонија и Тракија, Георгиос Калацис, изјави дека едноставно не може да ја замисли Г-ица Карахасан да стои до него на прославата на започнувањето на Грчката Револуција против турското владеење која се одржува на 25-ти Март. Во меѓувреме парламентарецот Папатемелис и европратеникот Карацаферис побараа 27-годишната Помачка јавно да изјави дека е „Гркиња“ и дека ке се бори против секој обид на Турција да манипулира со „муслиманското” малцинство.

До сега Г-ица Карахасан избегнуваше да даде коментар по овие прашања, таа само се заблагодари на претседателот на ПАСОК, Георги Папандреу за неговата доверба и го потенцираше тоа дека таа е муслимански грчки граѓанин која сака да биде оценувана само врз основа на нејзините ставови што се однесува до локалното и регионално управување. Таа изјави дека е сигурна дека нејзиниот пол, потекло и религија нема да имаат никакво влијание врз конечната одлука на гласачкото тело во регионот.

Страстите беа разгорени со информациите во владините грчки медиуми во врска со посетата на Анкара од страна на пратеникот на владејачката партија Нова демократија, Илхан Ахмет, единствениот муслимански пратеник во грчкиот парламент. Заедно со непризнатиот „Муфтија” на Комотини/Западна Тракија, Ибрахим Шериф, Г-нот Ахмет ги критикуваше грчките ставови кон религијата и имотните проблеми во западна Тракија.

Турците, Помаците и Ромите, кои го формираат таканареченото „муслиманско” малцинство во Грција, од страна на грчката држава отсекогаш биле сметани за потенцијален турски тројански коњ против стабилноста и интегритетот на Грција. Иако неколкумина Турци и Помаци беа избрани за членови на парламентот и локалните совети во последните неколку децении како членови на Нова Демократија, ПАСОК и некои помали политички партии, тие сеуште не можат да дојдат до високите позиции во рамките на државните институции како што се војската, судството и полицијата.

Во прилог на ова говори и податокот дека Грција за да го спречи евентуалното влегување на малцинствата во Парламентот како независни пратеници, стави минимална граница од 3%, така да само партиите кои го надминуваат овој процент можат да бидат застапени во Грчкиот Парламент. Државата исто така поврза пет Префектури во источна Македонија и Тракија во две таканаречени “супер-Префектури” - Ксанти-Кавала-Драма и Родопи-Еврос за да го спречи евентуалното појавување на Префекти од малцинствата во Ксанти и Родопи, каде Турците, Помаците и Ромите минимално, се побројни од грчката популација.

Помачкиот јазик припаѓа на јужната словенска група на јазици и е близок до македонскиот и бугарскиот.

Според политичките набљудувачи, државата водела различна политика кон Помаците - до 1995 година на нив им требаше специјална дозвола за да ги напуштат своите села и да патуваат во внатрешноста на Грција - а тоа допринело муслиманската словенска заедница да биде лесна мета на турските тврдења дека сите членови на „муслиманското” малцинство во Грција се Турци. (Еуроланг 2006)

 

линкови:

www.pasok.gr
www.mathra.gr  (Министерство за Македонија и Тракија)
www.trakyaninsesi.com  (Малцински весник во Западна Тракија)
www.ilhanahmet.com (Пратеник на Нова Демократија)
www.greekhelsinki.gr/english/reports/pomaks.html  (Студија за Помачкиот јазик)

 

top of page

 

 
Archive
  2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

The Cultures and Languages in the E.U.
(European Free Alliance) Map showing the Cultures and Languages in the E.U.

Macedonian Primer “Abecedar”
Abecedar

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International