Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Одлука на Комитетот на министри при Советот на Европа во врска со случајот на ОМО Илинден Пирин

read this page in English | read this page in Greek

 

Одлуки на Пратениците во Комитетот на министрите

997ма средба 5,6 Јуни 2007
Параграф 4.2

Одлуки

Пратениците,

1. го забележаа постојаното залагање на бугарските власти за да обезбедат потполна имплементација на овие пресуди на Судот, со цел за спречување на нови кршења на слободата на здружување на организациите тужители и нивните членови без никакво понатамошно одолжување;

2. ја забележаа загриженоста од страна на ОМО Илинден - Пирин во врска со проблемите кои настанаа при повторниот обид за регистрација како политичка партија, како и за проблемите при новиот начин на аплицирање со нови, построги критериуми предвидени со новиот закон за политички партии, кој властите не би можеле легално да го донесат без кршење на Конвенцијата;

3. го повикаа Секретаријатот, кон проблемот на оваа тема, итно да ја преиспита, во соработка со бугарските власти и тужителите, постапката на одбивање на тужителите при обидот за регистрација на ОМО Илинден – Пирин;

4. ги поканија бугарските власти да продолжат да го информираат Комитетот на министри за прогресот кој е постигнат во усвојувањето на имплементацијата на дополнителните генерални мерки, поконкретно за оние кои се однесуваат на подигањето на свеста на оној дел од власта кој е задолжен за проблемот изнесен во овие пресуди;

5. одлучија да продолжат да ги разгледуваат сите мерки кои се неопходни за имплементација на овие пресуди на нивната 1007ма седница (15-17 Октомври 2007)

- 2 случаи против Бугарија
59489/00 Обединета македонска организација Илинден - Пирин и други, пресуда за , конечна на
59491/00 Обединета македонска организација Илинден и други, пресуда за , конечна на

***

997ма средба – 6 Јуни 2007
Параграф 4.2

Одлуки

Пратениците,

1. го забележаа постојаното залагање на бугарските власти за да обезбедат потполна имплементација на овие пресуди на Судот, со цел за спречување на нови кршења на слободата на здружување на организациите тужители и нивните членови без никакво понатамошно одолжување;

2. исто така со загриженост ја забележаа неодамнешната забрана за организирање на собир на ОМО Илинден – Пирин од страна на локалните власти, врз основа на објаснување веќе осудено од страна на Судот, но со задоволство заблежаа дека собирот се одржал, по интервенцијата на претставник од Владата;

3. ги поканија бугарските власти да ги преземат сите неопходни мерки за ефективно да ја гарантираат слободата на здружување на ОМО Илинден - Пирин и другите тужители и да ја обезбедат ефективноста на домашните правни лекови кон овој проблем;

4. ги поканија бугарските власти да продолжат да го информираат Комитетот на министри за прогресот кој е постигнат во усвојувањето на имплементацијата на дополнителните генерални мерки, поконкретно за оние кои се однесуваат на подигањето на свеста на оној дел од власта кој е задолжен за проблемот изнесен во овие пресуди;

5. исто така ги повикаа бугарските власти да продолжат да го информираат Комитетот на министри за моменталната ситуација на тужителите, што се однесува на нивното право за практикување на слободата на здужување;

6. одлучија да продолжат да ги разгледуваат сите мерки кои се неопходни за имплементација на овие пресуди на нивната 1007ма седница (15-17 Октомври 2007)

- 2 случаи против Бугарија
44079/98 Обединета македонска организација Илинден и Иванов, пресуда за конечна на

6336/99 Иванов и други, пресуда за конечна на

 

top of page

 

 

Watch Our Streaming Video Archive

Archive
  2007
2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

Council of Europe
Framework Convention
for the Protection of National Minorities

Συμβούλιο της Ευρώπης
Σύμβαση Πλαίσιο για τηv
Προστασία των Εθνικών Μειονοτήτων

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International