|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
ИНТЕРВЈУ: вторник, 17 април 2007 Атина не ги признава Македонците, а „Виножито“ на избори добива и по 7.000 гласа, вели Димитрас - Од 2004 година наваму дури и ги напаѓаат институциите за човекови права во ОН и во Советот на Европа, кои имаат невладини извори, и особено Грчкиот хелсиншки монитор, кои објавуваат извештаи за Грција. 1. Грчката влада инсистира дека во земјата има само едно малцинство -муслиманите. Зошто властите во Атина стравуваат да ги признаат Македонците како малцинство и каков е вашиот коментар на официјалната политика? Целиот свет, вклучувајќи ги институциите за човекови права на ОН и на Советот на Европа, како и сите меѓународни невладини организации инсистираат дека Грција мора официјално да ги признае сите групи што бараат статус на национално малцинство, значи и Македонците и Турците, вклучувајќи признавање на нивните здруженија. Ова е единствениот начин да се почитува меѓународниот принцип на самоидентификација, кој Грција го поддржува за грчките малцинства на Балканот. Во меѓународни рамки функционери на грчката надворешна политика неодамна тврдеа дека нема малцинство бидејќи има премалку луѓе што го зборуваат „словенскиот идиом“. Тие настојуваат да го игнорираат нивниот број и забораваат дека всушност грчкото малцинство во Турција брои помалку од 2.000 луѓе, а „Виножито“ на избори добива од 3.500 до 7.000 гласа. Грција изгледа се плаши да ги признае националните малцинства зашто смета (што е сосема погрешно) дека тоа можеби ќе го ослаби, дури и ќе го загрози грчкиот идентитет. 2. Постои ли врска помеѓу прашањето за името и непризнавањето на македонското малцинство? 3. Каков е вашиот став за грчките граѓани што се сметаат себеси за Македонци и за нивната политичка партија? Тие имаат право на тоа. „Виножито“, како и Домот на македонската култура имаат право да го штитат тоа право. Сите тие платија голема цена за инсистирањето на овие права. Од друга страна македонската заедница не ги засили нивните организации со доволна поддршка за да имаат поконзистентна и поефикасна заштита. 4. Ги почитуваат ли грчките власти правата на тие граѓани, со оглед на постојаните критики во извештаите на меѓународните организации и на Стејт департментот? Што мислите за овие извештаи, колку се тие реални? Извештаите на Стејт департментот, особено кога во нив не се вклучени политичките аспекти на билатералните односи на американската администрација, се сеопфатни и корисни. Но, тоа се извештаи на експертски тела на ОН и на Советот на Европа за човекови права, кои мора да се почитуваат, бидејќи тоа е уставна обврска на Грција и на сите земји што ги ратификувале соодветните спогодби. Овие извештаи се многу реални, но грчките власти ги прават сите напори да ги скријат од грчката јавност или да ги презентираат ублажено за да создадат впечаток дека се поволни за Грција. Тоа значи дека не ги спроведуваат, па затоа во последните извештаи на експертските тела се вклучени и „жолти картони“ за Грција. 5. Колку Грчкиот хелсиншки монитор (ГХМ) како невладина организација има влијание врз официјалната политика на земјата? За жал, најголемиот дел од влијанието на Грчкиот хелсиншки монитор е преку меѓународните организации, кои ги усвојуваат ставовите на ГХМ и сметаат дека Грција има обврска да задоволи барем некои од барањата на ОН и на Советот на Европа. Од друга страна, тоа е одговор на постојната домашна политика на денунцирање. Во стара демократија како Грција, работите треба да бидат поинакви отколку во земјите што редовно бараат совети од НВО и многу често ги почитуваат нивните разумни барања. Сепак, многу НВО-а не се „заштитнички“ ориентирани со оглед дека финансиски зависат од државата и се плашат да не го изгубат тоа ако се многу критички настроени. Ова е причината зошто пред два месеца грчката Влада уште еднаш јавно го нападна ГХМ и ја нарече единствена НВО со критички погледи, што, за жал, е точно. 6. Соработувате ли со Македонскиот хелсиншки комитет и за што? Нашата соработка со Македонскиот хелсиншки комитет зависи од регионалните проекти на двете организации. Во минатото имаше многу такви проекти и имавме блиска соработка. Сега и тие и ние сме концентрирани на прашања за човековите права на домашната сцена и имаме малку време за прекугранични иницијативи. Исто така е вистина дека имавме силна соработка со неколку други НВО-а од Македонија во рамките на Меѓународната група за малцински права. Да се почитува стратегијата на македонското малцинство 7. Каков е вашиот став за официјалната политика на македонските власти во однос на ова прашање, дали треба тие да прават нешто повеќе за Македонците во Северна Грција? Македонските власти треба да ја почитуваат стратегијата на македонското малцинство во Грција, кое е во одбрана на правата во рамките на Грција, како и на ниво на ЕУ и на Советот на Европа, без каква било улога на македонската држава во тоа. Спротивно со ова е улогата што ја игра Грција во заштита на грчките малцински права во Албанија и во Турција или улогата на Турција во заштита на турските малцински права во Грција. Исто така, организациите на егејските Македонци надвор од Грција не треба да даваат изјави што не ги заштитуваат македонските малцински права, а вистина е дека најчесто е така. Жана П.Божиновска
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||