|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
ГРЧКИ ХЕЛСИНШКИ МОНИТОР (ГХМ) e-mail:office@greekhelsinki.gr website:http://cm.greekhelsinki.gr Извештај за јавноста 29 Јули 2007 Грција: Новиот закон за радио дифузија ги ограничува малцинските медиуми, велат набљудувачите на медиумската слобода од ОБСЕ read this page in English |
Грчкиот хелсиншки монитор го потенцира предупредувањето на ОБСЕ дека новиот грчки закон за радиодифузија сериозно го ограничува пристапот на малцинствата и како и целата заедница до радио програмата. За забелешка е и тоа дека предупредувањето на ОБСЕ едвај е пренесено во грчките медиуми.
Новиот закон за радио дифузија ги ограничува малцинските медиуми, велат набљудувачите на медиумската слобода од ОБСЕ Виена, 27 Јули 2007 – Миклос Харасти, претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, денес ја изрази својата загриженост за новиот закон за радиодифузија на Грција кој го загрозува плурализмот бидејќи со истиот закон се бара плаќање на висок паричен депозит за радио-станиците на здруженијата, како и за малцинските радио-станици. „Законот за концентрираност и лиценцирањена медиумите како и за други законски регулативи“ кој е донесен од Грчкиот парламент на 5 Јули а потоа ставен на сила од грчкиот Претседател Каролос Папулиас, донесува серија на непотребно крути и нефлексибилни побарувања за обезбедување на лиценца за радио емитување“ рече Харасти. За музичките радио станици, условите за добивање на лиценца вклучуваат минимум 3 до 5 работници со полно работно време; за новинските радио станици кои се со поголем домет минималниот број на работници расте на 20. Воедно се бара минимален депозит од 30,000 односно 100,000 евра за истите. Понатаму, дозвола ќе добие онаа радио станица која ќе емитува 24 часовна програма, а главниот јазик на емитување треба да биде грчки. „Стандардните обврски на ОБСЕ во врска со плурализмот на информирањето бараат сите заедници да имаат пристап до протокот на информации и да имаат и тие придонес кон истиот. Секоја влада ја има одговорноста да го помогне почитувањето и вклученоста во најразлични процеси. “ рече Харасти.
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||