Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Извештај за јавноста

Предлог резолуција во Советот на Европа за статусот на македонското етничко малцинство во Грција

Извор: http://assembly.coe.int/Doc07/EDOC11249.htm

read this page in English | read this page in Greek

 

На 17 Април, во рамките на Парламентарното собрание на Советот на Европа беше поднесен предлог за резолуција кој се однесува на статусот на македонското етничко малцинство во Грција.

Предлогот беше потпишан од страна на петнаесет пратеници во Советот на Европа по иницијатива на делегација од партијата Виножито која зеде учество на Генералното собрание кое се одржа овие денови во Стразбур.

Партијата Виножито го изготви предлогот за резолуција во соработка со Европската слободна алијанса – Европска политичка партија (ЕСА-ЕПП) и Федералната унија на европските националности (ФУЕН), партии чија рамноправна членка е и Виножито.

Канцеларија за печат

-------------------------------

Подолу следи предлогот за резолуцијата

Документ бр. 11249
7 Април 2007

Проблемот на македонското етничко национално малцинство во северна Грција
Предлог резолуција
Презентирана од Г-дин Јургенс и други

Овој предлог не е разгледуван во Собранието и се однесува само на членовите кои го потишале

1, Подолу потпишаните се длабоко загрижени за постојаното кршење на човековите права на македонското етничко и лингвистичко малцинство во северна Грција.

2. Грчката држава одбива да го признае постоењето на македонското етнички или лингвистичко малцинство во рамките на нејзините граници. Владините претставници отсекогаш ги исклучувале и понатаму продолжуваат систематски да ги исклучуваат етничките Македонци од политичкиот процес, одбивајќи дури и да остварат комуникација со политичките претставници на малцинството.

3. И покрај постоењето на население кое говори на македонски јазик во Грција, македонскиот јазик не е признат од страна на грчката држава, а со тоа и членовите на соодветното малцинство не го уживаат правото да учат на македонски јазик, во рамките на грчкиот образовен систем.

4. Во 1990 година, група граѓани одлучија да формираат непрофитабилно здружение наречено „Дом на македонската култура“ во градот Флорина/Лерин. Сепак грчките судови го отфрлија барањето. После исцрпувањето на сите домашни правни субјекти, случајот беше поднесен пред Европскиот суд за човекови права. Во 1998, судот донесе едногласна одлука дека има кршење на членот 11 од Европската конвенција за човекови права (види Сидиропулос против Грција ЕЦТХР 57/1997/841/8107). За жал, скоро десет години по оваа одлука „Домот на македонската култура“ останува нерегистриран. Повторните апликации за регистрација на здружението исто така беа одбиени од грчките судови.

5. За време на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) илјадници грчки граѓани ја напуштија Грција. По завршувањето на војната, на сите оние кои ја напуштија Грција во овој период, им беше одземено нивното грчко државјанство и нивниот имот. Во 1982 и 1985, грчката Влада донесе закон со кој ги враќа државјанствата и правото на имотите за оние кои ќе изјават дека се „Грци по род“. Со тоа етничките Македонци и сите други намерно беа исклучени од овој закон кој и ден денес е на сила.

6. Предлагаме Правниот комитет да направи извештај за случаите на кршење на човековите права на македонското етничко и лингвистичко малцинство во северна Грција во кој ќе се даде можност претставници на ова малцинство да сведочат на сослушување.

7. До сега Грција одбиваше да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, како и Европската повелба за малцинските јазици. Сепак долу потпишаните предочуваат дека обврските на Грција не се само оние кои се наоѓаат во различни конвенции на Советот на Европа, чија е и самата членка, туку вклучуваат различни конвенции и одредби на Обединетите нации и одреден број на правни обврски на ОБСЕ.

Потписници:*

  • JURGENS Erik, Netherlands, SOC
  • ALMASSY Kornel, Hungary, EPP/CD
  • BOUSAKLA Mimount, Belgium, SOC
  • CILEVICS Boriss, Latvia, SOC
  • EKES Jozsef, Hungary, EPP/CD
  • GROSS Andreas, Switzerland, SOC
  • HAJIYEV Sabir, Azerbaijan, SOC
  • KELEMEN Andras, Hungary, EPP/CD
  • KOZMA Jozsef, Hungary, SOC
  • LAMBERT, Geert, Belgium, SOC
  • LINDBLAD, Goran, Sweden, EPP/CD
  • Lord RUSSELL-JOHNSTON, United Kingdom, ALDE
  • POPESCU, Ivan, Ukraine, SOC
  • SZABO, Zoltan, Hungary, SOC
  • Van den BRANDE Luc, Belgium, EPP/CD

*
СОЦ: Социјалистичка група
ЕПП/ЦД: Група на Европската народна партија
АЛДЕ: Здружение на либерали и демократи за Европа
ЕДГ: Европска демократска група
НР: Нерегистрирани како група

 

top of page

 

 

Watch Our Streaming Video Archive

Archive
  2007
2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

Council of Europe
Framework Convention
for the Protection of National Minorities

Συμβούλιο της Ευρώπης
Σύμβαση Πλαίσιο για τηv
Προστασία των Εθνικών Μειονοτήτων

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International