Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 

Македонското национално малцинство лобира во САД и Канада за подршка

Од Јоргос Пападакис

кликнете овде да го прочитате изворниот документ

read this page in English | read this page in Greek

Претставници на малцинските организации на Македонците од Грција, Бугарија и Албанија се при крај на нивната прва заедничка посета на Соединетите Држави и Канада, со цел да ги информираат владините претставници, дипломати и членови на Конгресот за кршењето на човековите права на Македонците од овие три држави.

Грција и Бугарија, кои и понатаму одбиваат да го признаат постоењето на нивното македонско малцинство, беа критикувани за време на средбите.

„Сеуште не можеме да поверуваме дека на две членки на Европската Унија сеуште им се дозволува да се однесуваат така кон значаен дел од нивното население“, рече Стојко Стојков, ко-претседателот на македонската политичка партија во Бугарија, ОМО Илинден Пирин. „Владините пртставници покажаа голем интерес за нашата ситуација и ветија подршка, како и тоа дека ќе бараат одговори од владите на нашите држави“, додаде Г-дин Стојков.

Политичката партија која е формирана со цел да ги застапува интересите на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин, сеуште не е регистрирана од страна на бугарските власти и по ова прашање веќе има поднесено жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во меѓувреме, ЕСА Виножито, политичката партија на Македонците во Грција, исто така беше во центарот на вниманието минатата недела со предлог-резолуцијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Членовите на Собранието, кои беа претставници скоро на целиот политички спектрум, изразија длабока загриженост за „високиот број на постојаното кршење на човековите права на македонското етничко и лингвистичко малцинство во северна Грција“ и го замолија Правниот комитет да направи соодветен извештај, потенцирајќи ги правните обврски кои Грција ги има превземено во врска со ова прашање кон сите поголеми меѓународни организации.

Овие неодамнешни случувања испровоцираа реакции од страна на грчката држава. Пратеникот од Социјалистичката партија и член на ПАЦЕ, Теодорос Пангалос, излезе со тврење дека секој обид да се легитимизира било каков дијалог со македонската заедница во Грција ќе се смета за „национално предавство“, додека грчкиот Министер за надворешни работи неофицијално го изрази своето „незадоволство“ кон властите на Соединетите Држави за тоа што не ја информирале грчката амбасада во Вашингтон ДЦ за официјалните средби кои македонската делегација ги одржа таму. (Еуроланг 2007)

 

top of page

 

 

Watch Our Streaming Video Archive

Archive
  2007
2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

Council of Europe
Framework Convention
for the Protection of National Minorities

Συμβούλιο της Ευρώπης
Σύμβαση Πλαίσιο για τηv
Προστασία των Εθνικών Μειονοτήτων

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International