|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ Парламентарни прашања поднесени пред Европскиот парламент, Автор: Микел Ирухо Амезага Тема: Забрана за влез на чешки граѓанин во Грција Во минатите години на многу луѓе им е забрануван влез во Грција врз основа на навидум проблеми по „националната безбедност“. Заедничкиот проблем во сите случаи секогаш беше македонскиот етнички идентитет на оние индивидуи кои беа вратени. Најновиот пример е за чешкиот граѓанин, Г-дин Доне Раковски. 1. Дали Комисијата смета дека забраната за влез на Г-дин Раковски во Грција е кршење на правото за слободно движење? Ако одговорот е потврден, кои чекори ќе ги преземе Комисијата за да спречи евентуални понатамошни прекршувања на ова право. Ако одговорот е негативен, може ли Комисијата да укаже под кои услови им е дозволено на одредени држави членки на ЕУ да забрануваат влез во својата држава, без да ги наведат причините за тоа? 2. Со оглед на тоа дека овој случај е еден од многуте во кои станува збор за Грција и личности со македонски етницитет, може ли Комисијата да го испита овој проблем? Колку луѓе се наоѓаат на „црната листа“ на Грција и кои се вистинските причини кои довеле до тоа за тие да бидат ставени на таа листа? Дали Комисијата е загрижена поради податокот дека етничката припадност претставува фактор за донесување на такви одлуки кои се донесени од страна на Грција? До: Советот Автор: Микел Ирухо Амезага Тема: Забрана за влез на чешки граѓанин во Грција Во минатите години на многу луѓе им е забрануван влез во Грција врз основа на навидум проблеми за „националната безбедност“. Заедничкиот проблем во сите случаи секогаш беше македонскиот етнички идентитет на оние индивидуи кои беа вратени. Најновиот пример е за чешкиот граѓанин, Г-дин Доне Раковски. 1. Дали Советот смета дека забраната за влез на Г-дин Раковски во Грција е кршење на правото за слободно движење? Ако одговорот е потврден, кои чекори ќе ги преземе Советот за да спречи евентуални понатамошни прекршувања на ова право. Ако одговорот е негативен, може ли Советот да укаже под кои услови им е дозволено на одредени држави членки на ЕУ да забрануваат влез во својата држава, без да ги наведат причините за тоа? 2. Со оглед на тоа дека овој случај е еден од многуте во кои станува збор за Грција и личности со македонски етницитет, може ли Советот да го испита овој проблем? Колку луѓе се наоѓаат на „црната листа“ на Грција и кои се вистинските причини кои довеле до тоа за тие да бидат ставени на таа листа? Дали Советот е загрижен поради податокот дека етничката припадност претставува фактор за донесување на такви одлуки кои се донесени од страна на Грција?
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||