|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Соопштение за медиумите Тие ја негираат својата вмешаност вешто обидувајќи се да ја одвојат општата Европска група на Зелените од ЕСА (Европската Слободна Алијанса), која заедно со Федерацијата на Турците од Западна Тракија го организира овој мошне успешен настан во Брисел. Нашите жалби по повод повредувањето на основните човекови права на „непостоечките малцинства“ во нашата земја ги изненадија Европјаните и ги налутија грчките новинари. Со оглед на тоа што очајниот обид на грчкото министерство за надворешни работи да го спречи или контролира настанот заврши неуспешно, грчките медиуми ја преземаа работата во свои раце обидувајќи се да го деградираат огромниот интерес што го покажаа европарламентарците. Во една ваква атмосфера, поддршката што европратеникот Скинас од Нова Демократија и ја упати на партијата на Зелените во Грција, беше очекувана и разбирлива. Според него, оваа меѓународна дискусија беше на некој начин провокација од страна на Европската партија на Зелените, со намера да се промовираат „екстремистички елементи“ на Европската Слободна Алијанса. Ова е точно дефиниција на зборот „раководење“. Во секој случај, ако Зелените вистински сакаат да соработуваат (не само за време на изборите) со оние луѓе во нашата земја кои се самоопределуваат етнички поинаку (не како Грци), добредојдени се да учествуваат активно во слични настани што претстојат и што овојпат ќе бидат организирани во Грција. Канцеларија за печат на ЕСА-Виножито
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||