|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Соопштение за медиумите Во врска со последното, голем интерес престатвуваат одговорите што емигранти од Македонија ги давале во графата за етничка припадност. Тие се изјаснувале дека припаѓаат на македонска националност (ethnicity Macedonian), различна од бугарска (Bulgarian), српската (Serbian) и секако грчката (Greek). Денес за такви податоци може да се истражуваат емиграционите архиви во САД од посочениот период (1892-1924) преку „машината за истражување“ на веб страната на музејот на Елис Исланд (www.ellisislandrecords.org). Пребарувајќи го архивот не целосно, туку делумно, бидејќи за добивање на сите податоци и комплетната бројка на емигрантите е потребно многу време и систематско истражување, направив листа на емигранти кои емигрирале во САД во овие години и кои според нивната сопствена изјава й припаѓале на македонската нација, со нивната возраст, годината на емигрирање и родното место во Македонија. Преку оваа листа конечно се одговара на Грција и Бугарија и на сите пропагандисти на планетата земја кои упорно тврдат дека не постои македонска нација и дека таквата нација е творба на Тито во периодот по Втората светска војна. Треба да се одбележи дека во оригиналната емиграциона листа често пати има граматички грешки во однос на името и родното место на емигрантите - најверојатно заради тешкотиите на американските емиграциони службеници да ги запишат коректно и како што треба подаоците бидејќи не го познавале јазикот на емигрантите нито ги знаеле топонимите. Првиот случај на емигрант што во САД се декларирал како етнички Македонец е од 1897 г. Тоа е Olia Tanso од Monaster (Битола). Во 1899 г. следат уште осум емигранти (во загради е дадена староста): Miton Risto (23), Anesty Trayem 26, Duno Stoyan (29), Vasil Stoyan (36) и Philip Terptsche (33) од Biton (?) и Dimitri Carafil (23), Papa Lazor Nicola (25) и Anton Bogoi (29) од Monastiz (Битола). Во 1900 г. емигрираат: Vasil Vaun (19), Risto Vaun (27) и Athamas Traithe (40) од Monastir (Битола). Целата листа продолжува во: http://www.freewebs.com/onoma/metanastes.htm
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||