|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Влашки активист доби уште еден спор пред грчкиот суд Атина, понеделник, 11 јуни 2007 од Георгиос Н. Пападакис Извор: Eurolang http://www.eurolang.net/index.php? option=com_content&task=view&id=2894&Itemi read this page in English |
Сотирис Блецас, Претседателот на Ароманското културно друштво и еден од водечките влашки активисти во Грција, ја доби тужбата против Димитрис Ризос, сопственикот на национаистичкиот десничарски дневен весник „Независен печат“. Судот донесе одлука дека термините „про-скопски“ и „мал агент“ кои весникот ги користеше да го опише Г-дин Блецас и неговата активност кон подобрувањето на статусот на влашко-говорната заедница во Грција претставувале клевета и навреда. Ризос мора да плати 10,000 евра како компензација, додека весникот треба да објави статија со извинување на истото место каде се наоѓала и контраверзната статија. „Не го сметам ова за победа или пак нешто слично“, рече Блецас за Еуроланг кратко по пресудата. „Да се надеваме дека овие одлуки барем ќе ги спречат тие таканаречени новинари да клеветат и постојано да демонизираат луѓе кои се припадници на малцинствата во Грција“, заклучи тој. Г-дин Блецас, кој е добро познат помеѓу активистите за помалку употребуваните јазици од цела Европа, од 1995 година е вмешан во судски спорови. Таа година тој беше уапсен заради дистрибуирање на летоци на ЕБПУЈ кои беа напишани на 6 помалку употребувани јазици во Грција (влашки, македонски, турски, помачки, арвански и ромски). На почетокот тој беше осуден на 15 месеци затвор но бидејќи беше прогласен за невин од Апелациониот суд, тој продолжува да ги добива сите спорови против еден пратеник кој претходно го има тужено него, како и против неколку весници. Тој сега планира друга тужба - „Искрено се надевам дека ќе биде последна“, вели тој - против познатото ТВ лице Макис Триантафулопулос кој неодамна во неговата емисија тврдеше дека Блецас и таквите како него се платени од странство за да создадаваат невољи и да ја дестабилизираат Грција. (Еуроланг 2007).
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||