|
| |
Австралиската влада најавува промена на политиката и ја признава македонската заедница

29 February, 2012
Read this page in English
|
Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) со задоволство изјавува дека после една долготрајна кампања на лобирање, австралиската влада конечно ја има повлечено својата дискриминаторска и расистичка "Славо-македонска" директива со која што македонската заедница беше преименувана во 1994 г.
Во писмо до АМКЧП датирано 9 јануари 2012 г., вршителот на должноста шеф на кабинетот на Министерот за надворешни работи напиша:
"Јас можам да потврдам дека "Славо-македонското" Административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни pаботи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичајната пратика што се однесува до неважечки Аднминистративни циркуларни писма, тоа е поништено и докуметот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека "Славо-македонската Директива" не се применува во други владини служби, влучувајки ги и Министреството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика."
Министерството за имиграција и државјанство исто така го потврди овој став во друго писмо до АМКЧП на 11 јануари 2012 г.:
"Како што изјавил вршителот на должноста шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, јас можам да потврдам дека ова министерство активно не го употребува терминот "Славо-македонски." На пример, Националната служба за преведување и толкување сега само го употребува терминот "македонски". Ние ја признаваме загриженоста на Македонско-австралиската заедница во врска со ова прашање."
Со ова победа се одбележува крајот на една значајна и долготрајна кампања водена од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, чија цел беше владата да се согласи да го прифати правото на македонската заедница на самоидентификација. Кампањата започна во 1994 г. и вкулучуваше сослушувања во Високиот суд на Австралија, Комисијата за човекови права и еднакви можности и Парламентарниот комитет за надворешни работи и трговија. Кампањата го достигна својот врв неодамна како последица на интензивна серија од размени на мислења која вклучуваше средби и допишувања со водечки министри на владиниот кабинет (вклучувајки ја и премиерката), парламентарни претставници од сите политички партии и разни владини министерства.
Соопштението на австралиската влада дека официално става крај на својата навредлива политика на преименување значи враќање кон долготрајна и успешната политика на мултикултурата, која АМКЧП оддамна ја поддржува. Ова е победа која ќе биде корисна за зачувување на човековите права на сите Австралици.
Иако АМКЧП е среќен што австралиската влада ја промени политиката кон македонската заедница, тој го повторува своето барање владата на Австралија логично да постапува и да ја признае Република Македонија под нејзиното официаллно и демократско избрано име.
###
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.
|
|
|
|
|
|